Грција: Попладнево можна блокада на граничните премини кон Македонија

t

Земјоделците од северниот дел на Грција кои останаа на блоковите и нема да присуствуваат на попладневниот протест во Атина, не е исклучена можноста симболично да ги затворат граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Самите земјоделци кога го соопштија денешниот протест, најавија дека паралелно ќе постават блокади на граничните премини и пристаништата.

Протестот во Атина е закажан за 18.30 часот попладнево, со што се очекува, доколку ги блокираат граничните премини, тоа да биде во попладневните часови.

За граничниот премин Ники (Меџитлија), според локалните медиуми можно е затворање во периодот од 17 до 20 часот по грчко, односно од 16 до 19 часот по македонско време.

Во однос на Евзони (Богородица), засега нема официјална информација, иако според информациите на дописничката на МИА од Атина, пракса на земјоделците е да не ги најавуваат блокадите, кои најчесто се симболични и се однесуваат само на камионите и се по 20 часот по локално време, како што беше случај вчера.

Сепак, вниманието на грчката јавност, денеска е насочено кон Атина, каде што земјоделците со над 100 трактори ќе одржат протест пред грчкиот Парламент.

Десетици трактори од различни делови на Грција вчера пристигнаа во месноста Кастро во централна Грција на околу 90 километри од Атина, од каде што утрово, конвојот со трактори во придружба на полицијата тргна кон грчката метропола.

Земјоделците од островот Крит во Атина пристигнаа со траект, од северна Грција со автобуси, автомобили и камиони, за сите заедно, попладнево уште еднаш да ги повторат нивните барања.

Се очекува по протестот, тракторите во текот на вечерта да останат паркирани во центарот на Атина, а земјоделците да си заминат утре наутро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…