Катастарските услуги поскапи за неверојатни 300 проценти

t

Тројно поскапеа дел од катастарските услуги. Ако досега, при промена на сопственост, во еден имотен лист се запишуваше квадратурата на станот и дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата, сега, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи 3-те листа граѓаните ќе ги чинат 3.750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги.

Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.

Агенцијата за Катастар го објави новиот Тарифник, според кој поскапеа и геодетите.

Согласност за поскaпувањата дала Владата на 30 јануари, а Тарифникот стапил на сила на 15-ти февруари.

Значително е и поскапувањето за инвеститорите на инфраструктурни објекти. За предбележување на имотен лист во фаза на градба ќе се плаќа по 5.250 денари по имотен лист. Истата сума е и за предбележување како услов за запишување на инфраструктурните објекти. Бришење на предбележување услугата чини 2.625 денари.

Првиот човек на Катастар Борис Тунџев за МИА изјавил дека зголемувањето било направено поради зголемените реални трошоци за струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и друго, кои биле основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…