(Видео) Бислимовски: ДУП во Ѓорче Петров е на директна штета на граѓаните на Карпош

t

Додека градоначалникот Стојковски на Општина Ѓорче Петров ја обезбедува Општината за една декада, ја уништува Општина Карпош доживотно. Со новиот катастрофален и експресен ДУП на Општина Ѓорче Петров, се доведува во прашање здравјето на граѓаните на Општина Карпош, воедно и на Град Скопје со поставување на 3 Хемиски фабрики во непосредна близина на бунарското подрачје Лепенец, изјави Владимир Бислимовски, советник во Советот на општина Карпош.

– На товар на инфраструктурата на Општина Карпош се и новите 7.000 до 10.000 жители, односно дополнително оптеретување на сообраќајот како и водоводните и канализационите мрежи во Општината. Советничката група на СДСМ во Општина Карпош најстрого го осудува носењето на овој ДУП и застанува на страна на граѓаните на општината, ќе ги употребиме сите правни основи за стопирање на истиот – рече Бислимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…