Курти се пофали: За три години ги удвоивме странските инвестиции во Косовo
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата цел е да привлече директни странски инвестиции за да донесе квалитетно вработување и висока вредност, додавајќи дека инвестициите во изминатите три години, од кога е тој на власт, се видно зголемени, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешниот прв состанок на Националниот совет за економија и инвестиции, Курти рече дека во последните три години странските директни инвестиции се удвоени, а исто така и извозот.
„Имаме намера да привлечеме странски директни инвестиции кои носат висока вредност и квалитетно вработување на нашите граѓани. Во овој поглед, нашата Влада изгради добра основа за понатамошни подобрувања. Само во последните три години странските директни инвестиции се удвоени, но и извозот“, рече Курти.
Според соопштението од неговиот кабинет, косовскиот премиер изјавил дека односот меѓу извозот и увозот е зголемен од речиси 1 спрема 9 колку што бил претходно, на дури и подобро од 1 спрема 6.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…
Најава за нови апсења на Косово, дали…
Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…