Антивладини протести во Тирана и порака до Рама: Оди си!

t

Обединетата опозиција во Албанија под мотото „Или денеска или никогаш“ го почна вечерашниот протест пред владата кој беше свикан од приврзаниците на Сали Бериша.

Генералниот секретар на „Обнова на ДП“ Фламур Нока, порача дека ова е историски момент за опозицијата и нова албанска пролет.

Со овации беше поздравен Сали Бериша, кој во моментов е во домашен притвор, а преку снимена порака им се обрати на демонстрантите, уште еднаш нарекувајќи ги ураган.

По неговиот говор во дворот на владата беа фрлени димни бомби и молотови коктели, а имаше обид да се пробие полицискиот кордон, беше урната заштитната ограда, по што беше видно зголемен бројот на полициските службеници.

За безбедноста за време на протестот беа ангажирани над 1.100 полицајци, како и припадници на специјалните полициски и армиски единици и Националанта гарда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанската полиција ги отстрани знамињата на УЧК…

Организацијата на воени ветерани на ОВК реагираше…

Албанија 1997 VS 2025: Драстична промена, Тирана…

На социјалните мрежи се споделува видео од…

Во Тирана уапсени дилери на дрога и…

Во акција на албанската полиција против шверц…

Благодарница од македонските граѓани до болницата во…

Во знак на благодарност за грижата, професионалноста…

ЕУ со силна поддршка за Украина од…

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер…