Нео-северџани: Toшковски најавува дека до крај на годината ќе издаде 650 илјади пасоши со Северна
Панче Тошковски – техничкиот министер за внатрешни работи денеска во утринска емисија на тв Сител рече дека дневно може да се изработат само по 3.000 нови пасоши, но во оптимизирани услови.
„Имаме две машини со дневен капацитет кој се надевам дека ќе го оптимизираме, за околу 3.000 пасоши дневно. Но најважно е да не го изгубиме континуитетот, динамиката во испораката на обрасците. Ако има печатење на пасоши од тип Б со други јазици, ќе биде под 2.800, така е побавно“, рече Тошковски.
Неговите прогнози се дека пасошите ќе се обноват до Нова Година доколку се биде во ред со машините и испораката на обрасците.
„До Нова година ќе може да се стигне, имаме отприлика околу 10 месеци, но само ако се зголеми капацитетот, барем минимално, и ако ги имаме обрасците – ќе може да ги обновиме оние пасоши 650.000 со старото име. Уште една машина не може да се обезбеди, затоа што сега се избори, а таа постапка трае долго време. Ако работиме 25 дена во месец, по 3.000 на ден, тоа е 75.000 месечно. Со оваа бројка ќе може да се обноват“ – рече Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…