Џафери-Дир: Украина секогаш може да гледа во Македонија пријател, партнер и поддржувач
Премиерот Џафери денеска се сретна со амбасадорката на Украина во Република Македонија, Н.Е. Лариса Дир.
На состанокот беше изразена постојаната силна поддршка која Македонија ја покажува кон Украина, во услови на тешки моменти за украинскиот народ, кој веќе две години храбро се бори за својата слобода.
Џафери нагласи: „Република Македонија и нејзините граѓани, стојат цврсто покрај Украина и ќе продолжат да го прават тоа сѐ додека е потребно, во нејзината борба за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Украина ја има поддршката и за интеграциските аспирации во демократските сојузи на држави, и во таа насока, Македонија ја поздравува одлуката на Европскиот Совет да отвори пристапни преговори со неа“.
Воедно, премиерот Џафери нагласи дека, освен формирањето на Советот НАТО-Украина, како членка сојузничка, Македонија е дел од пакетот на проширена политичка и практична поддршка на Украина, продолжувајќи со поддршката на политиката на отворени врати на НАТО.
Премиерот Џафери потврди дека Владата стои на располагање за споделување искуства во делот на понатамошната интеграција на Украина во меѓународните демократски сојузи.
Амбасадорката Дир му честиташе на премиерот за стапувањето на функцијата и изрази надеж дека ќе продолжи да манифестира иста силна поддршка кон Украина и на новата функција.
Амбасадорката се заблагодари за сета досегашна помош дадена од Република Македонија на Украина, како и на изнесената подготвеност за продолжување на истата, при што нагласи дека Украина тоа високо го цени и нема никогаш да го заборави. Дир ја поздрави подготвеноста на Македонија за споделување искуства и знаења во евро-атлантските интеграциски процеси со Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…