(Видео) Јакимовски се кандидира за шеф на државата!
Лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска на прес-конференција по партискиот Конгрес официјално објави дека тој ќе биде кандидат за претседател на државата.
– ГРОМ одлучи да ме предложи за кандидат за претседател на РМ. Имајќи го предвид моето долгогодишно искуство и резултатите кои сум ги направил, како и секогаш јасните политички ставови кои сум ги изразувал, има даде за право на моите колеги да ме предложат за оваа за мене најважна функција.
Денеска граѓаните на РМ се разочарани како никогаш досега, тешко било и 1893, 1903, 1991, 2012 но секогаш имаше надеж дека ќе биде подобро, но бесберспективноста денес е на највисоко можно ниво. Распадот во здравството, корупцијата, криминалот, лошо функционирање на најбитните институции во државата бара храбро да настапиме, да собереме луѓе кои ја знаат својата работа, кои се спремни да се жртвува за државата.
Јас сум убеден дека и претседателската функција може да биде достојна за почит и да отвора важни прашања за Македонија.
За мене најважното прашање се вооружените сили и безбедносниот систем. Сериозно треба да размислиме кој ќе биде претседател на државата, истакна Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГРОМ е изненадена од леснотијата со која…
Граѓанската опција за Македонија ГРОМ е изненадена…
Хрватска денес бира претседател, во трка се…
Во Хрватска се одржуваат претседателски избори на…
Грузија доби проруски претседател
Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили, проруски…
Судскиот совет не избра претседател, отсутни се…
На денешната вонредна седница на Судскиот совет…
Руски експерт открива: Постојат две можности за…
Авионската несреќа во која загина иранскиот претседател…