Османи: МНР нема добиено допис од ЕУ дека ќе дозволи движење на македноски државјани со пасоши со старото име
Министерството за надворешни работи нема добиено допис од Европската Унија (ЕУ) дека ќе дозволи движење на македноските државјани со пасоши со старото уставно име, возврати денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи како одговор на неговиот колега за вантрешни работи Панче Тошковски.
Министерот за внатрешни работи во техничката влада Тошковски изјави дека денеска добил допис од Брисел дека Европската Унија нема да прави проблем доколку граѓани на Република Северна Македонија треба да патуваат со пасоши со старото уставно име. На ова Османи реплицираше со појаснување дека одлуката за ова прашање ја носи секоја земја одделно, како нејзино суверено право.
„Ние сме во постојана комуникација и со институциите на Европската комисија, амбасадорот е во секојдневна комуникација, јас директно и со земјите членки. Значи, земјите членки сами одлучуваат во однос на тоа како ќе се однесуваат во однос на валидноста на пасошите“, рече Османи одговарајќи на новинарски прашања.
Засега Швајцарија има доставен известување со нота дека ќе дозволува влез на македонските државјани со старите пасоши, а Босна и Херцеговина пак се изјасни дека не ги признава македонските документи со старото име.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФАЦ: ЕУ има сериозни пропусти во одбраната…
Европската унија треба да биде „подготвена за…
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…
Европската унија треба да го забрза процесот…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…
ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…
Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…