(Видео) Турско чудо на небото: Претставен борбениот авион КААН

t

КААН, турскиот борбен авион од петтата генерација, денеска го изврши првиот лет.

Објавено е и видео на кое се гледа дека КААН прво полетува, а потоа се враќа во воздухопловната база во северна Анкара по летот, пишува Ројтерс.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го објави името на новиот авион во мај минатата година. „Турција сега е присутна на сите полиња. На копно, во море, во воздух и во вселената“, рече тогаш турскиот лидер за време на настанот „Векот на иднината“, организиран од Турската авијациска индустрија (ТАИ).

Турција, членка на НАТО, го започна проектот TF-X во 2016 година за производство на национален борбен авион. Турската компанија TUSAS во 2017 година потпиша договор вреден 125 милиони долари со британската компанија BAE Systems за развој на нова генерација борбени авиони.

„Со КААН, нашата земја не само што ќе има борбен авион од петта генерација, туку и технологии што ги имаат малку земји во светот“, рече Халук Горгун, шеф на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Турција (SSB). Авионот првично треба да биде придвижуван од два мотори на General Electric F110, кои се користат и кај авионите F-16.

Горгун истакна дека Турција планира да започне сериско производство на домашни мотори. Се очекува производството да започне во 2028 година. Инаку, Турција неодамна склучи договор за купување на 40 борбени авиони Ф-16 и 79 комплети за модернизација на постојните борбени авиони.

Целиот процес го одбележаа многубројни одложувања. Во декември 2020 година, Соединетите држави воведоа санкции за турската одбранбена индустрија бидејќи Анкара го купи рускиот ракетен систем С-400. Потоа Американците ја исфрлија Турција од програмата за стелт-ловци Ф-35, каде Анкара беше и производител и клиент.

Турција е заинтересирана и за купување на 40 авиони Еурофајтер Тајфун, кои заеднички ги произведуваат Германија, Велика Британија, Италија и Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма на небото: Поради чад во кабината…

Авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ се соочи со сериозен…

(Видео) Нова трагедија во САД: Авион експлодираше…

Медицински транспортен авион, во кој имало болно…

ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА, повеќемина се повредени при…

Едно лице загина, а други се повредени…

Нов инцидент со „Боинг“ – Авионот итно…

Од авионот на „Делта ерлајнс“ се „одвои“…

(Видео) Турско чудо на небото: Претставен борбениот…

КААН, турскиот борбен авион од петтата генерација,…