Денеска се празнува Светиот маченик Никифор

t

Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник Саприкиј и простиот граѓанин Никифор. Нивното пријателство некако се одметна во страшна меѓусебна омраза. Богобојазливиот Никифор повеќепати се обидуваше да се помири со свештеникот, но овој никако не го сакаше тоа. Кога настана гонење на христијаните, свештеникот Саприкиј беше осуден на смрт и изведен на губилиште. Нажален Никифор појде со Саприкиј молејќи го патем барем пред смртта да му прости и да се разделат во мир: „Те молам, Христов маченику“, му велеше Никифор, „прости ми ако ти згрешив нешто!“ Саприкиј не сакаше да се обѕрне на својот соперник, туку мирно и гордо чекореше кон смртта. Но, кога ја виде тврдокорноста на неговото срце, Бог не сакаше да му ја прими маченичката жртва и да го овенча со венец, туку тајно му ја одзеде благодатта. И во последниот миг пред џелатите Саприкиј се одрече од Христа и изјави дека ќе им се поклони на идолите. Така беше заслепен од омразата.

Никифор го преколнуваше Саприкиј да не се одрекува од Христа. „О брате, не прави го тоа, не одрекувај се од нашиот Господ Исус Христос, не губи го небесниот венец!“ Но сè беше залудно, Саприкиј остана на своето. Тогаш Никифор им возвикна на џелатите: „И јас сум христијанин! Убијте ме мене наместо Саприкиј!“ Џелатите му го јавија ова на судијата и тој им нареди да го пуштат Саприкиј, а да го убијат Никифор. Тој радосно ја положи својата глава на трупецот и му ја отсекоа. Така се удостои со Царството Небесно во кое влезе овенчан со маченички венец на бесмртната слава. Ова се случи во 260 година, во времето на царот Галиен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Потребна е политичка одговорност за инцидентот…

СДСМ повикува на одговорност, во врска со…

Нема докази дека малата Данка е убиена?…

И додека неофицијалните информации велат дека и…

(Видео) РУСИТЕ ГИ НАПУШТААТ ТЕНКОВИТЕ И БЕГААТ:…

Џими Раштон, аналитичар за безбедност и надворешна…

Црвена Младина го осудува вандализмот врз спомен…

Неидентификувани сторители ги уништиле икебаните и ја…