Организирал борба помеѓу кучиња: Приведен тинејџер поради мачење животни
Полициски службеници на СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, вчера (21 февруари) околу 12 часот и 40 минути во тетовско Лавце го лишиле од слобода 19-годишниот Х.Х. од ова село поради сомнение дека заедно со уште две други лица бил инволвиран во кривично дело „мачење животни“.
Тој минатата недела организирал борба помеѓу две кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа.
Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…