Арсовска до Советот на Град Скопје испрати иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред – да му помогнеме на младиот Леонид!
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска до Советот на Град Скопје испрати иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред – да му помогнеме на младиот Леонид Индов.
Скопје е град на солидарноста, Скопје е град на хуманоста, скопјани знаат што значи помошта кога ти е најпотребна, време е уште еднаш да ја покажеме својата хуманост.
Кога се работи за еден млад живот чекањето не е опција, од таа причина денес до Советот на град Скопје, испратив иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред – да му помогнеме на младиот Леонид Индов.
До советниците предложив да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а јас како градоначалникот на град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од градот Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид.
Од денес пак, градот Скопје како што беше најавено вчера, започнува со хуманитарната акција во сите јавни претпријатија, институции и училишта под надлежност на градот а во акцијата можат да се вклучат и сите граѓани на Скопје.
Ги повикуваме сите граѓани кои се во можност да помогнат, да ја покажеме уште еднаш својата хуманост! , се вели во соопштението од Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…