(Фото) Ова е виетнамски автомобил: Имаат брутален раст и допрва почнуваат
Виетнамскиот произведувач на електрични возила „VinFast“ извести речиси го дуплирал својот приход во 2023-та година и најавил дека планира за три пати да ја зголеми продажбата оваа година и да се прошири на индискиот и индонезискиот пазар. Приходот на „VinFast“ минатата година скокна за 91 процент, на 28.6 билиони виетнамски донги (1,2 милијарди долари).
Компанијата ја заклучила годината со бруто загуба од 13,2 билиони донги, 7,3 проценти поголема отколку во 2022-ра.
Во март 2023-та година компанијата почнала да го продава спортското теренско возило „VF8“ во САД, но сè уште се потпира на домашната побарувачка.
Во минатата година на клиентите им испорачале речиси 34.885 возила, речиси пет пати повеќе отколку во 2022-ра година, но помалку од планираното поради острата ценовна конкуренција и континуирано слабата побарувачка во одредени делови од светот.
Во 2024-та година планираат да испорачаат 100.000 возила. Во моментов градат фабрика во САД која би требало да започне со работа во 2025-та година, а планираат и ширење на индискиот и индонезискиот пазар.
Плановите на „VinFast“ се во остар контраст со амбициите на другите произведувачи на електрични автомобили кои се подготвуваат за послаба продажба и намалени вложувања поради слабеењето на побарувачката на главните пазари како САД.
„VinFast“ е основан во 2017-та година и произведува електрични возила од 2021-ва. Во август ги ставил своите акции во котација на американската берза и накратко достигнал пазарна капитализација од 85 милијарди долари, претекнувајќи го „Ford“. Во меѓувреме се спуштила на 12 милијарди долари, наведува „Reuters“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…