Жител на Јагодина уапсен под сомнение дека шпионирал во корист на Албанија и на Косово

t

Српските безбедносни служби приведоа жител на Јагодина државјанин на Србија кој е осомничен за кривично дело шпионажа.

Тој бил уапсен по враќањето од странство како дел од понатамошната истрага и гонење на група лица кои сочинувале разузнавачка мрежа што на територијата на Србија ја формирал Д.Р. а по налог на разузнавачката агенција на Албанија (ШИШ) и разузнавачката агенција на Косово. Нему му е одреден притвор до 30 дена.

Се сомнева дека П.М., по наредба на Д.Р., се занимавал со собирање и доставување податоци за движењето на претставници на државните органи и војската на Србија на подрачјето на централна Србија.

Собраните податоци му ги доставил на водачот на оваа шпионска група Д.Р., кој потоа ги проследил до припадниците на разузнавачката служба на Албанија и до Агенцијата за разузнавање на Косово, за што добивале паричен надоместок.

Во јануари под сомнение за шпионажа беше уапсен Д.Р.

Неколку дена по Д.Р., уапсен е А.Д. од Нови Пазар, кој исто така бил дел од таа шпионска група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…