Јотова бара од Косово да признае бугарско малцинство
Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, на средба со косовскиот амбасадор во Софија разговарала за конкретни чекори што треба да ги преземе косовската држава за да го признае „своето бугарско малцинство“, а во контест на „правата на граѓаните да се самоидентификуваат како Бугари“ на претстојниот попис.
Пред точно една година потпретседателката Јотова го посети Косово на покана на претседателката Вјоса Османи-Садриу по повод 15-годишнината од независноста на земјата, а претседателот Румен Радев беше во Приштина кон крајот на декември минатата година. Според соопштението од кабинетот на Јотова, косовскиот амбасадор се заблагодарил на бугарската држава за конзистентниот став за поддршка на мирот во балканската земја и нејзината меѓународна и европска интеграција. Јотова,пак, потсетила дека Бугарија во 2018 година ја ставила европската иднина на земјите од Западен Балкан во фокусот на своето претседавање со Советот на ЕУ. „Ако нема стабилност и мир на Балканот, нема стабилност и мир за цела Европа“, нагласила таа.
Тоа очигледно било увод за да потоа ги изнесе барањата кои навлегуваат во внатрешните работи на Косово и се дел од националистичката агенда на Радев и Јотова. Така, во соопштението стои:
„Во фокусот на средбата беа правата на бугарската заедница на Косово и конкретните чекори за нејзино признавање, како и нејзино вклучување во Консултативниот совет за заедници на косовскиот претседател. Хаџи Бајрактари ја уверил Илијана Јотова дека властите во земјава ќе ги преземат сите неопходни мерки за да се спречи притисокот врз самоопределувањето на косовските граѓани со бугарски идентитет на претстојниот попис. Потпретседателката го подвлече уверувањето дека различните етнички заедници се богатство на една држава и нација. Косовскиот амбасадор ја опиша бугарската заедница како природен мост меѓу двете земји, кој придонесува за зајакнување на билатералните односи“.
Илијана Јотова предложила организирање на балкански фестивал во Софија, на кој ќе се претстави културата на балканските народи, со акцент на бугарските заедници кои живеат на Балканот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…