Орбан како Трамп: Унгарија „ќе ја направи Европа повторно голема“
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, порача дека политиката на раководството на ЕУ е многу далеку од интересите на обичните Европејци. Орбан истакнува дека се потребни промени во Брисел и дека Унгарија, за време на своето претседавање со ЕУ, „ќе ја направи Европа повторно голема“.
Брисел ги остави Европејците сами на себе. Таков јаз меѓу политиката на Брисел и интересите и волјата на Европејците немало, затоа се потребни промени во Брисел“, посочи Орбан
Тој истакна дека вакво нешто нема да се случи само по себе, туку дека е потребно „да се окупира Брисел, за конечно во него да има неколку Европејци“.
Стратегијата на ЕУ за Украина не успеа, не само на бојното поле, каде што ситуацијата е катастрофална, туку и во политиката. Брисел е на раб од директно вмешување во конфликтот“, вели унгарскиот премиер.
Според зборовите на Орбан, официјална Будимпешта се противи и на дополнителното задолжување на земјите од ЕУ за финансирање на Украина, која има дупка од 37 милијарди долари во буџетот.
Унгарскиот премиер исто така повтори дека нема да дозволи Унгарија да биде вовлечена во воениот конфликт во Украина, како и дека се противи на воведување нови санкции против Руската Федерација.
Истовремено, Орбан најави дека на почетокот на пролетната сесија на 26 февруари, унгарскиот парламент ќе го ратификува договорот за пристапување на Шведска во НАТО алијансата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…
Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…
Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…
Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…
Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…
Европа сака да произведува повеќе дома и…
ЦИА предупредува за руска закана со дронови…
Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…