Објавено на:

Украинските сили тврдат дека собориле руски воен авион над Азовското Море

t

Украинските воздухопловни сили вечерва соопштија дека собориле руски авион за радарско откривање и набљудување над Азовското Море, точно две години од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Властите во Москва не се огласија по овој повод, но властите во Краснодарската област на југот на Русија, во близина на границата со Украина, соопштија дека спасувачките служби отишле на местото каде што се урнал авионот.

„Благодарение на заедничката разузнавачка операција на министерството за одбрана и воздухопловството на Украина, руски авион А-50У беше соборен над Азовското Море“, соопшти министерството за одбрана на Украина.

Се додава дека уништувањето на А-50У во лет е уште еден сериозен удар за Русија.

А50 е авион еквивалентен на Avacs (систем за предупредување и контрола од воздух) на земјите на НАТО. И двете се лесно препознатливи по големиот радар прикачен над трупот.

Според една приватна британска разузнавачка компанија, Русите имале десет постари модели и седум помодерни (А-50У), неодамна обновени и во употреба.

Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат повеќе блесоци на силна светлина на ноќното небо, проследени со голем пожар во нешто што изгледа како рурална област.

Украина во јануари соопшти дека соборила авион од тој тип во истата област.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во…

Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, одговарајќи…

Захарова: Русија е подготвена да го реши…

Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…

Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…

Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…

Путин: Русија нема докази дека Иран сака…

Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…

Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…