Објавено на:

Бразилскиот претдедател го обвинува Израел е за геноцид во Газа

t

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва во петокот упорно го обвинува Израел за „геноцид“ врз Палестинците во Газа, откако неодамна предизвика дипломатска криза споредувајќи ја израелската офанзива против Хамас со холокаустот.

„Она што го прави државата Израел не е војна, тоа е геноцид, бидејќи убива жени и деца“, рече Лула за време на церемонијата во Рио де Жанеиро, откако Израел во понеделникот го прогласи за „персона нон грата“ затоа што ја дал истата проценка.

Бразилскиот лидер, реагирајќи за првпат по контроверзноста што ја предизвика неговата споредба на израелската офанзива со нацистичкиот холокауст, остана на својот став, постојано нагласувајќи го терминот „геноцид“.

„Тоа е геноцид. Има илјадници мртви деца и илјадници исчезнати. Не умираат војници, туку жените и децата во болницата. Ако ова не е геноцид, не знам што е геноцид“, инсистираше Лула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Се проверува авион од Израел на аеродромот…

Авион од Израел слетал во Софија и…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…

Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…