РТС: Српски деца нападнати со нож во Косово

t

Двајца Албанци со автомобил пресретнале група од петмина српски малолетници во Лапље Село кај Грачаница и со пцовки и закани со нож ги натерале децата да кажат дека нивниот претседател е Хашим Тачи и да го нарекуваат претседателот на Србија со погрдни имиња, јавува РТС.


Според информациите, инцидентот се случил во петокот околу 22.00 часот во непосредна близина на Средношколскиот центар, каде момчињата седеле на клупа, кога блиску до нив застанал црвен „тигуан“ со шкрипечки сопирачки.
Мислејќи дека возачот сака да побара насока за Приштина, српските малолетници се приближиле до автомобилот, од каде возачот со пцовки и погрдни зборови барал да скандираат Тација и да го навредуваат и да го нарекуваат со погрдни имиња српскиот претседател Александар Вучиќ.
Како што изјавил за РТС родител на едно од малолетните момчиња, децата побегнале, но возачот со својот автомобил им го попречил патот на двајцата, извадил нож и продолжил да ги следи, додека неговиот сопатник го снимал настанот со својот телефон.
Децата успеале да побегнат, а напаѓачите продолжиле да се движат кон Приштина.
Родителите случајот го пријавиле во полиција во Грачаница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Шолц: Германија е подготвена да ја поддржи…

Германскиот канцелар Олаф Шолц му честиташе на…

Вежба на КФОР во Бондстил

Припадниците на мисијата на КФОР денеска изведоа…

Косовска полицајка пронајдена мртва во Гњилане

Трагедија го потресе Гњилане во Косово, откако…

Османи: ЗСО е условена со де факто…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека…