(Фото+Видео) Во пожар во Кавадарци изгорени автомобил, трактор и гаража
Во гаснењето на пожарот, што бил во густо населена населба во Кавадарци, со три возила и шест пожарникари интервенирала Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) кои спречиле пожарот да се рашири на околните куќи.
За пожарот, на својот фејсбук-профил информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
„По добиена дојава за запалено возило и гаража, ТППЕ Кавадарци интервенираше со три возила и шест пожарникари. Пожарот за кратко време е локализиран. Оштетено е едно возило голф 4 (бензин/плин), трактор и дел од гаражата. Според очевидци пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната“, пишува Јанчев.
Тој додава дека поради брзата интервенција било спречено пожарот да се прошири и да се случи голема катастрофа.
Во гаснењето на пожарот, што бил во густо населена населба во Кавадарци, со три возила и шест пожарникари интервенирала Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) кои спречиле пожарот да се рашири на околните куќи.
За пожарот, на својот фејсбук-профил информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
„По добиена дојава за запалено возило и гаража, ТППЕ Кавадарци интервенираше со три возила и шест пожарникари. Пожарот за кратко време е локализиран. Оштетено е едно возило голф 4 (бензин/плин), трактор и дел од гаражата. Според очевидци пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната“,
пишува Јанчев.
Тој додава дека поради брзата интервенција било спречено пожарот да се прошири и да се случи голема катастрофа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…