СДСМ оддаде почит на ликот и делото на народниот херој Кузман Јосифовски Питу: Аманетот на НОБ ќе го исполниме
Партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Димитар Ковачевски, заедно со потпретседателот Стефан Богоев и секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ денеска оддадоа почит на ликот и делото на народниот херој Кузман Јосифовски Питу и положи цвеќе на споменикот во општина Карпош по повод 80 годишнината од неговото загинување.
Во обраќањето на настанот во организација на Сојузот на борците од НОБ Карпош претседателот Ковачевски рече дека денеска сите ние оддавам должна почит и се поклонуваме пред неговата храброст лик и дело, но оддаваме и почит на сите борци, ученици во НОБ.
-Искажуваме благодарност, оддаваме почит и се поклонуваме пред пожртвуваноста на сите борци, мажи, жени, млади учесници во НОБ кои храбро се жртвувале за слободата и светла иднина на македонскиот народ и сите наши граѓани. Нивното дело сите ние го почитуваме а нивниот аманет го негуваме. Народноослободителната и антифашистичката војна го постави темелот на македонската државност. Токму подари нив и успехот на НОБ постои денешна, современа и независна, демократска, евроатлантска Македонија, рече Ковачевски.
-Исполнувањето на тој аманет, на нашите државотворци од Илинден, АСНОМ, од НОБ, е нашата денешна политичка борба. Борба за подобра, европска иднина на нашата убава татковина рамо до рамо со сите државотворни народи. СДСМ е партија којашто е единствен наследник и поддржувач на вредностите од НОБ во државата. Како државотворна партија секогаш била на вистинската страна на историјата и со задоволство ќе повторам дека остануваме на вистинската страна. Ние сме тој континуитет на постојана борба за подобра иднина на сите наши граѓани. Аманетот на борците од НОБ ќе го исполниме, за сигурна, безбедна, економски напредна, стабилна и европска македонска иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…