Литванија собра околу девет милиони долари за украинските војници
Рига – Граѓаните, компаниите и организациите во Литванија донираа околу 8,3 милиони евра (девет милиони американски долари) во четиринеделната кампања за собирање средства за купување заштитна опрема за украинските војници.
Две години по почетокот на руската инвазија врз Украина, „Радаром“! кампањата, која ја иницираа литванското радио и неколку јавни личности, заврши синоќа со хуманитарен концерт.
Балтичката држава е членка на Европската унија и НАТО и има 2,8 милиони жители.
Парите ќе бидат искористени за купување на 1.115 комплети за индивидуална заштита за војниците – секој од нив се состои од уред за ноќно гледање, ласерски нишан и систем за заштита од дрон.
Опремата е произведена во Литванија, која е еден од најверните поддржувачи на Украина, пренесе ДПА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…