Левица: Залудни се саботажите на ДПМНЕ – нашите активисти остануваат на терен

t

Очигледно безидејното ДПМНЕ, наместо да ја руши квинслишката власт, единствено е насочено да ја саботира работата на Левица. Денеска, пред зградата на Општина Охрид каде се наоѓа канцеларијата на ДИК (Државната Изборна Комисија), активистите од Левица, кои со мал штанд делеа флаери за собирање на потписи за кандидатот на Левица – претседател на Република Македонија, Билјана Ванковска, ги дочека Комунална инспекција, се вели во соопштението од Левица.

– Комуналната инспекција се закануваше дека активистите на Левица не смееле да поставуваат штанд, по директна наредба на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и Александар Китески – Секретар на Општина Охрид. Ова е само дел од низата на притисоците на неспособното ДПМНЕ, кои во континуитет се насочени кон единствената автентична опозициска опција. Народот тоа го препознава и затоа Левица е единствената партија во пораст, што очигледно ги плаши истрошените партии од широката коалиција. Активистите на Левица во Охрид остануваат на терен и ги повикуваме Охриѓани да ни се приклучат во борбата – велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…