ЕУ обезбедува 15 милиони евра за бесплатен интернет во 400 општини во Западен Балкан

t

Европската унија обезбеди финансиска поддршка за постигнување бесплатен пристап до интернет на јавни површини во 400 општини во Западен Балкан, пренесува РТ Албанија.
Иако сè уште нема мапа на овие области во регионот, јавниот сервис во Албанија дознава дека Европската комисија ја предложила сумата која е ставена на располагање за потребните инвестиции во вкупна вредност од 15 милиони евра.

Проектот е дел од дигиталната трансформација на регионот, а европската цел е насочена кон воспоставување интерконекција во регионот со цел да се постигне учество на регионот на европскиот дигитален пазар, јавува RT Albania и потсетува дека од октомври минатата година, цените за роаминг во регионот се намалија од 25 на 83 отсто.

Од јуни минатата година, пет земји ја потпишаа програмата Дигитална Европа која им овозможува, по домашната ратификација, да бидат финансиски поддржани во области како што се напредни нумерички вештини, вештачка интелигенција и нумерички иновации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФАЦ: ЕУ има сериозни пропусти во одбраната…

Европската унија треба да биде „подготвена за…

Фон дер Лајен: Време е за Европска…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…

Европската унија треба да го забрза процесот…

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…