Гаревски бара извинување од Телма: Не е точно дека Град Скопје го прекинал договорот со мојот Институт!
Професорот Михаил Гаревски ги демантира лажните вести во медиумите и бара извинување од телевизијата Телма во најкраток можен рок поради изнесените невистини од нивна страна.
– Добро е што има социјални мрежи па можат да се демантираат неточни искази. Во врска со моето последно интервју кое што го дадов на Телма би сакал да го кажам следното – Тврдењето на Телма дека градот Скопје го прекинал договорот со мојот институт воопшто не е точен, бидејќи договорот за експертизата во целост беше испочитуван. Договорот кој ТЕЛМА го спомнува беше потпишан помеѓу мојата институција и ЕСМ, а се однесуваше за проектот за санација на мостот, за надзор на изведбата на санацијата и пробно товарење на мостот. Овој договор после еден ден од потпишувањето беше прекинат од страна на ЕСМ, а не од градот Скопје. Тоа и го изјавив на интервјуто кое ми го направи ТЕЛМА, но за жал оваа моја изјава не беше прикажана. Очекувам од ТЕЛМА во најкраток можен рок да ја исправи грешката и корегира веста. – напиша професорот Гаревски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…