(Видео) Вознемирувачка снимка од убиството на ММА борец во Белград: Го убиле за 30 секудни
Српскиот репрезентативец и ММА борец Стефан Савиќ (23) е брутално убиен во ноќта меѓу саботата и неделата во Бекград, а потрагата по неговите убијци, иако се идентификувани, се уште трае.
На видеото до кое ексклузивно дојде „Блиц“, а кое трае нешто помалку од 2 минути, се гледа Стефан како бега додека го бркаат двајца мажи.
Како што може да се види на видеото, Стефан се врти во улицата Дунавска, по што следат двајца напаѓачи кои го совладуваат – едниот од едната, другиот од другата страна.
Точно 30 секунди подоцна, двајцата разбојници се враќаат , одејќи по улицата Добрачина и се степале за некој предмет на средината на улицата.
За цело време тие лежерно одат, како да не убиле млад човек и тешко раниле уште 10 секунди претходно.
Тренерот на убиениот млад човек на новинарите им раскажа како со тешки повреди се здобил Стефан М.
„Виде дека го бодат. Тој истрча од автомобилот за да му помогне. напаѓачите се вратиле и почнале да го бодат со нож . Сега е добро, ќе направиме се да му помогнеме, ќе направиме се за да му помогнеме затоа што е херој“, изјави тренерот на убиениот Стефан.
Тој додаде дека останале без дете и сега сакаат да му помогнат на херојот кој се обидел да му помогне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва ја прозва Холандија по нападот врз…
Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…
Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…
„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а…
Полската гранична полиција, разузнавачките служби и елитните…
Телма: По неколкучасовен мрак, УКИМ доби струја,…
Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил…
Не е ни приближно бројката која ја…
Во Македонија лани дошле 805 луѓе од…