ЦУК: 2 075 повици на 112, а до утрово имало вкупно 14 пожари на отворено
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 075 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 38,75%, а 61,25% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 59,22%, кон Итната медицинска помош 33,73%, кон пожарникарите 6,67%, а кон АМСМ 0,39% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, со другите што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1 271 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.
Имало вкупно 14 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места.
Конкретно, Регионалниот ЦУК – Скопје и РЦУК Куманово информираат за по три пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Битола за четири и РЦУК-Велес и РЦУК-Штип информираат за по два пријавени и изгаснати пожари на отворено.
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вчера имало 41 пожар: Уште гори на…
ЦУК: Вчера, вторник, 06.08.2024 година на територија…
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
16 пожари во Македонија, само 6 се…
До 13 часот денеска, евидентирани се вкупно…
(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…
Нема потреба од паника и од вознемиреност…
Ангелов подели признанија и плакети на дел…
Директорот на Центарот за управување со кризи…