(Видео) Тројца маскирани го подметнуваат пожарот во кафе барот Барон пред да се случи убиството на Туша

t

На видеото кое го доби Телма се гледа дека тројца маскирани вчера рано наутро се приближуваат до објектот и го подметнуваат пожарот во каге барот Барон во Чаир. Кафулето има исто име како скопската криминална група Барон чии припаднци соработуваат со групата Беланоца и се во отворена улична војна со криминалните групи Дуќанџик/Грчец.

На снимката се гледа како еден од маскираните со тврд предмет ја крши влезната врата на кафе барот. Другите двајца влегуваат внатре со туба во рацете. А водачот останува надвор и чува стража гледајќи кон улицата.

Откако ја разлеваат запаливата материја внатре, двајцата маскирани излегуваат и нивниот водач ја потпалува течноста со запалка. Влезот на објектот почнува да гори, потпалувачот за малку избегнува да биде запален и тројцата маскирани бегаат. Се се случува за половина минута.

Пожарникарите интервенирале околу 4 часот наутро, вчера и по 40-минутна интервенција го изгаснале пожарот.

Неколку часа по пожарот е застрелан Зелкиф Туша, таткото на притворениот Гани Туша кој е осомничен за учество во убиствата на припадници на кланот Грчец во Шиша Бар и на Халкидики. Гани Туша е припадник на бандата Барон. Обвинителството истражува поврзаност на пожарот и убиството на Зелкиф Туша.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

Емотивен статус на битолскиот пилот на „ер…

Васко Михалчев, еден од пензионираните пилоти на…

Штип бара поддршка од воздух за гаснење…

Пожарникарите, хеликоптерите, припарниците на АРМ и Полицијата,…