Со новата методологија за ЕУ, Македонија ќе има 6 кластери, а не 35 поединечни преговарачки поглавја
Новата методологија во преговорите за пристапување во Европската Унија (ЕУ) за земјите од Западен Балкан значи отворање шест кластери, а не 35 поединечни преговарачки поглавја, како што беше претходно.
Хрватска ги водеше преговорите за членство според претходните правила, Србија е во преговори десет години, додека Македонија и Албанија ги започнаа преговорите според новата методологија, а истото тоа ќе се случи и со Босна и Херцеговина (БиХ), која се очекува во март да ги почне преговорите.
Имено, поглавјата сè уште се присутни, но тие сега се вклучени во кластери, па со отворањето на кластерите на земјите, преговарачите истовремено отвораат повеќе поглавја, што носи подинамичен, но и попредизвикувачки процес на пристапување во ЕУ.
Kластерот еден се однесува на основите, кластерот два на внатрешниот пазар, кластерот три на конкурентноста и инклузивен раст, кластерот четири на зелената агенда и одржливото поврзување, кластерот пет на ресурсите, земјоделството и кохезијата и кластерот шест на надворешните работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп призна дека војната со Иран придонела…
Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со…
Хакери се обиделе да ги уништат резервите…
Француските власти истражуваат кибернапад врз неколку регионални…
Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни…
Европската комисија ги препознава конкретните резултати од…
Извештајот на Европската комисија за 2026 година…
Откриен идентитетот: Билјана Кириќ (17) е девојката…
Седумнаесетгодишната Билјана Кириќ е девојката која беше…