Вевчанскиот карневал прогласен за нематеријално културно добро

t

Вевчанскиот карневал е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Со оваа денешна одлука на Владата се овозможува зачувување и афирмација на машката василичарка поворка како дел од зимските обреди со маски, која е зачувана и се практикува во автентична и интегрална форма од локалната заедница во Општина Вевчани.

Како што е наведено во Одлуката, по своите карактеристики „Обредните поворки со маски (карневал) – Василичари во Вевчани“ се издвојуваат со својата автентичност и зачуваност на формите на маските, василичарското оро, верувањата и обредните практики.

За Василичарите во Вевчани се утврдува режим на заштита од прв степен, со повеќе мерки на заштита. Преку поддршка и поттикнување на носителите за изработка на автентични маски ќе се обезбеди одржливост на древната манифестација, ќе се обезбеди пренос на знаењата за изработка на маските и вештините за свирење на традиционалните музички инструменти кои се дел од поворката. Од особено значење е што традицијата на еден од најстарите карневали во светот ги вклучува и младите генерации и се зачувува како културно наследство.

Со донесувањето на Одлуката за прогласување на Василичарите во Вевчани за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, се обезбедува воспоставување трајна заштита на доброто и негова категоризација во согласност со Законот за заштита на културното наследство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина бизнисменот Огњан Циговски

По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…

Охридското Езеро порибено со два милиони пастрмка…

Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој…

Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска…

Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска…

Вечерва ќе се прска против комарци на…

Град Скопје, во соработка со Општина Кисела…

Теле било спасено на Китка, ама директорот…

Навистина е спасено теле во пожарот на…