Објавено на:

Најголема вредност на биткоинот во последните 2 години

t

Биткоинот, најголемата светска криптовалута по пазарна капитализација, денеска достигна највисоко ниво во последните две години од 56.600 долари, и на тој начин го покрена поширокиот крипто пазар.

Според податоците на CoinMarketCap, цената на биткоинот за два дена порасна за повеќе од 10 отсто за два дена, откако фирмата за крипто инвестиции и софтвер „MicroStrategy“ објави дека вчера купила околу 3.000 биткоини за 155 милиони долари.

Компанијата со седиште во Вирџинија моментално е најголемиот сопственик на биткоини со кои јавно се тргува. Компанијата претходно овој месец објави дека поседува околу 190.000 токени од криптовалутата, што денеска вредат над 10,5 милијарди долари.

Според Грета Јуан, шеф за истражувања на платформата за дигитални средства VDX, пазарот бил „охрабрен од крипто бикови како „MicroStrategy“, како и нов рекорд на приливи на Bitcoin ETF.

Акциите поврзани со криптовалутите, исто така, пораснаа во тргувањата во „MicroStrategy“ и на берзата за криптовалути „Coinbase“ во Сан Франциско.

Двете компании поврзани со криптовалути забележаа пораст на цените на нивните акции за 200 проценти во текот на изминатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски изрази солидарност со Холандија и Шведска…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Полицискиот синдикат застана во одбрана на полициските…

Полицискиот синдикат застана во одбрана на полициските…

„Антропик“ со 81,3 милијарди долари го собори…

Американската компанија за развој на вештачка интелигенција…

Хрватска ги запира преговорите на Црна Гора…

Хрватска не сака прашањето за разграничување на…