САД очекуваат Косово и Србија целосно да ги спроведат потпишаните договори

t

САД очекуваат Косово и Србија целосно да ги спроведат сите обврски од Бриселскиот договор и анексот договорен во Охрид, соопшти американската амбасада во Косово по повод годишнината од тој договор договорен во февруари минатата година.
Од амбасадата на САД во Косово велат дека се разочарани од недостатокот на напредок и политичка волја кај двете страни да продолжат во спроведувањето на договорот.

„Како што рековме многу пати, САД сметаат дека Основниот договор и Анексот за имплементација се правно обврзувачки и за Косово и за Србија. Разочарани сме од недостатокот на напредок или политичка волја и од Косово и од Србија да продолжат со спроведувањето Договорот Позицијата на САД е конзистентна и јасна – очекуваме Србија и Косово целосно да ги спроведат сите обврски од Основниот договор и анексот за имплементација, посветено и итно. За Косово тоа значи итен напредок во исполнувањето на долгогодишната обврска за спроведување на Заедница на општини со српско мнозинство“, изјави портпаролот на американската амбасада за Коха.

Амбасадата на САД побара и соработка во врска со спроведувањето на новата регулатива на Централната банка на Косово, „со цел да се минимизира негативниот ефект врз српската малцинска заедница во Косово“.

„Договорот од Брисел суштински ги репозиционира односите меѓу двете земји, на подобро и би го олеснил секојдневниот живот на граѓаните на двете земји во многу аспекти. Ова е единствениот начин Косово да напредува на своите европски и евроатлантски пат, кој силно го поддржуваме. Продолжуваме да ги покануваме Косово и Србија да избегнат еднострани дејствија кои ги ескалираат тензиите“, велат од Амбасадата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Трамп: „Војната со Иран ќе заврши по…

Во време кога војната со Иран почнува…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…