ДУИ: Мицкоски ја игнорира Америка, ја игнорира Европа, ја игнорира и европската иднина на граѓаните
Изјавата на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за медиумите дека идејата на Демократската унија за интеграција треба да се игнорира, покажува слабост, нeсигурност и не соодветствува со политичката реалност во државата, велат од ДУИ.
Во нивното соопштение се вели:
Откако постојано ги игнорира пораките од САД, Европската унија и пријателските земји за уставни измени, тој сега бара да се игнорира и барањето на ДУИ и целосно легитимното право на граѓаните за претседател на државата.
Со оваа недемократска доктрина на етнички поделби и со изолирачкиот пристап кон САД и ЕУ, ВМРО ДПМНЕ ја загрозува европската иднина на граѓаните на државата.
На ВМРО и на Мицкоски им пречат демократските и европските ставови и мисии на ДУИ, им пречи еднаквоста воспоставена со Охридскиот договор, им пречи секоја кауза иницирана од ДУИ за европска Македонија, која може да биде таква само како земја која дава еднакви можности за сите.
Мицкоски и ВМРО секојдневно презентираат и ветуваат на јавноста неостварливи и невозможни идеи, но најзагрижувачко е што за ВМРО има и други алтернативи освен Европската Унија.
Демократската унија за интеграција останува посветена на реализација на своето програмско барање за избор на претседател на државата со 2/3 од гласовите во Собранието и со Бадентерово мнозинство. Ништо лошо не ја снајде нашата земја од институционалната факторизација на Албанците, ништо лошо нема да ја снајде и од првиот претседател Албанец.
Игнорирањето на ова сосема легитимно право е отворена поддршка за руската пропаганда, чиј телал кај нас станува ВМРО ДПМНЕ со тоа што не се дистанцира од Русија и не се позиционира кон Европа.
Да и кажеме НЕ на Русија, ДА на Европа!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…