И Кличко му врати на Макрон: На Украина ѝ треба муниција, а не војници на НАТO

t

Поранешниот украински светски боксерски шампион Кличко (47) изјави дека на вооружените сили на Украина им е потребна муниција, а не војници на НАТО.

„Дебатата за војниците на НАТО во Украина го одвлекува вниманието. Не ни требаат германски војници. Не ни требаат војници на НАТО. Сето ова можеме да го направиме со супериорното вооружување кое треба да го добиеме од слободниот свет и од НАТО. Ни треба муниција. Ни треба подобро оружје. Не ни требаат војници“, навел тој во интервју за „Билд“, коментирајќи ги разговорите за испраќање западни трупи во Украина.

Братот на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко исто така истакна дека светот „ја напушта Украина“ и дека не обезбедува доволно оружје за одбрана.

Во вторникот, Макрон, говорејќи пред новинарите по конференцијата за поддршка на Украина во Париз, рече дека лидерите на западните земји разговарале за можноста за испраќање војници, но дека не постигнале консензус.

Коментирајќи ја изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Германија нема да испорачува крстосувачки ракети Таурус за одбрана од Русија, бидејќи, како што наведе, постои голем ризик Германија да стане страна во војната, Кличко рече дека тоа е „многу разочарувачки“.

„За да се одбраниме ни треба оружје! Во војна не се борите со тупаници како во мојата поранешна кариера!“, порача тој.

„Ако паднеме, нема да бидеме последни во Европа“, предупреди Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Украина да не се радува премногу…

Францускиот претседател рече дека за време на…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Макрон: Масовна копнена операција во Газа би…

Францускиот престедател Емануел Макрон изјави дека било…

Средба Макрон – Херцог во Ерусалим

Ние сме посветени да ги надминеме, и…

Макрон со свиткана опашка си заминува од…

По пучот во Нигер, воената хунта на…