Објавено на:

Лекарски извештај: Бајден е во добра форма за извршување на своите должности

t

Американскиот претседател Џозеф Бајден се уште е во добра форма за извршување на своите должности и е во состојба целосно да ги извршува сите обврски без исклучок и без прилагодување, се вели во лекарскиот извештај по годишниот систематски преглед на Бајден во воената болница Волтер Рид во Мериленд, пренесува РТС. Во меморандумот објавен од прес-службата на Белата куќа, се вели дека Бајден е „здрав, активен, робустен човек на 81 година, кој сè уште е способен успешно да ги извршува должностите на претседател, што, меѓу другото, се однесува и на должностите на шефот на државата и врховен командант“.

Лекарот на Бајден, Кевин О’Конор, во извештајот наведува дека медицинските состојби на американскиот претседател се „стабилни и добро контролирани“, вклучувајќи „опструктивна ноќна апнеја, сезонски алергии, спинален артритис и сензорна периферна невропатија на стапалата“.

„Претседателот работи добро и овогодинешното испитување не укажа на нови проблеми. Тој се уште е способен за должност и целосно ги исполнува сите свои обврски без никакви исклучоци или прилагодувања“, рече О’Конор, според Индипендент. Бајден претходно денеска изјави дека резултатите од неговиот систематски преглед оваа година не се разликуваат од минатогодишните. По враќањето во Белата куќа од болницата Волтер Рид, Бајден се пошегува дека лекарите мислеле дека „изгледа премногу младо“. „Ништо не е поразлично од минатата година.

Се е одлично“, рече Бајден. Бајден (81) е подложен на годишни физички прегледи откако стана претседател на Соединетите Американски Држави. Критичарите на Бајден побараа поголема транспарентност од Белата куќа кога станува збор за неговото здравје, и физичко и ментално, откако во неодамнешниот извештај на специјалниот советник Роберт Хур, меѓу другото, се вели дека американскиот претседател е „добронамерен постар човек со неуспешна меморија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…

Путин: Америка ја сече гранката на која…

Со воведувањето санкции кон Русија, американските власти…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

Воздухопловните сили на САД распоредија ловци Ф-22…

Воздухопловните сили на САД распоредија неколку стелт-ловци…