Марковски: Политиката веќе не е прашање на избор туку на нужност, се случуваат прашања кои не се решаваат

t

Сметам дека секој патриот треба да го даде својот максимум во време кога на Македонија и се случува тонење во сите области. Политиката веќе не е прашање на избор туку на нужност, се слууваат прашања кои не се решаваат. Функциите се такви кои треба да бидат такви како што е предвидено, а да беше така најголем дел од работите немаше да се случат вака. Претседателот мора да биде стожер околу кој ќе се соберат демократските сили во државата, вели универзитетскиот професор д-р Вело Марковски, еден од кандидатите што собираат потписи за претседател во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Ние имаме исплашен народ, со страв и стрес кои траат со децении и народот не реагира на бурни случувања. Станавме болно општество. Се поминува оти сите молчат бидејќи сите се под некоја закана од кривично гонење, а во ЕУ тоа би било прекршок. Мојата цел со кандидатурата беше да го подигнам прагот, вели Марковски.

Според него, на народот му се нуди мачка во вреќа оти кандидатите ги дознавме многу доцна, а нивните програми за работа ќе ги дознаеме уште подоцна.

– Мене ми пречи односот на раководство на партијата кон луѓето во партијата и затоа решив да одам како независен кандидат иако сум член на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата секогаш под ова раководство се затскрива зад независни кандидати. Немам против проф. Силјановска, но да се носат луѓе кои не сакаат да се зачленат во партијата оти не веруваат во партијата, тоа значи дека и вие не верувате во неа, вели Марковски.

Марковски вели дека тој јасно ги искажал своите ставови уште кога ја најави кандидатурата, но се уште не гледа никаква програма ни визија од кандидатите од најголемите партии за кои се очекува дека еден од нив ќе биде идниот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…