Објавено на:

Стано: Со заканите со нуклеарно оружје Путин се обидува да ја префрли одговорноста за војната

t

Заканите за употреба на нуклеарно оружје упатени од страна на рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето до јавноста се апсолутно неприфатливи и несоодветни, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

– Тоа е уште еден од многуте пример како Путин се обидува да ја префрли одговорноста за војната што ја почна во Украина и за нестабилноста што ја предизвика во Украина и во регионот. Тоа е уште една можност за него да ги шири добро познатите лаги и измами, истакна Стано во коментар на ставот на Путин искажан во денешното обраќање до руската јавност дека е можна нуклеарна војна доколку земјите од НАТО воено интервенираат во конфликтот во Украина.

Стано нагласи дека Путин ја започна војната во Украина и затоа тој е одговорен за сите последици од неа и на внатрешен план во Русија, но и во Украина и на глобално ниво.

Според Стано, на денешното обраќање на Путин треба да се гледа во контекст на претстојните претседателски избори во Русија и неговите напори да биде реизбран на функцијата.

– Обраќањето накусо може да се сумира на тоа дека тој го залажува народот, кој живее под железна тупаница како во времето на сталинизмот. Армијата е во катастрофална состојба, економијата е блокирана, кредибилитетот на земјата е целосно уништен и неговите досегашни напори за уништување на Украина се неуспешни, заклучи Стано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дефект“ на подморски кабел во Персискиот Залив…

Дел од корисниците во Пакистан може да…

АХВ: Досега заловивме 96 говеда во Крива…

Бидејќи државата се уште нема одговор како…

Бактерија отпорна на антибиотици се шири во…

Инфекциите на крвотокот предизвикани од бактеријата Klebsiella…

Си Џинпинг со порака до светот: Без…

Мирот, стабилноста, слободната трговија и технолошките иновации…

ГОЛЕМ УДАР ЗА ВУЧИЌ: Европската народна партија…

Европската народна партија (ЕПП), најголемото европско политичко…