Објавено на:

(Видео) Жена загина во огромниот пожар во Тексас, втор најголем во историјата на државата

t

Жртвата е идентификувана како 83-годишната Џојс Бленкеншип, јавува CBS.

Пожарот Smokehouse Creek, кој што изгоре повеќе од 340.000 хектари земја и оштети и изгоре повеќе структури, е вториот по големина пожар во историјата на Тексас, зад East Amarillo од 2006 година, кој изгоре повеќе од 367.000 хектари шума.

Претходно, вториот најголем пожар бил „Големата земја“ во 1988 година, во кој што изгореле околу 300.000 хектари земја.

Неколку помали шумски пожари во различни фази зафатиле други делови од најсеверната област во Тексас, поттикнати од силните ветрови и високите температури.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот во вторникот прогласи вонредна состојба во 60 окрузи и побара од огранокот на Тексас за управување со вонредни состојби да активира повеќе од 95 пожарникари, како и персонал за затворање патишта, контрола на сообраќајот, медицинска помош и помош за животните.

Повеќе од 13.000 домови и бизниси се без струја, а повеќе од 4.000 од оние во регионот Пенхендл, според групата PowerOutage.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…