ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено во последното деноноќие
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје информира за 3 пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Охрид за 1 и Регионалниот ЦУК Штип информира за 6 пријавени и изгаснати пожари на отворено.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Во последното деноноќие имало вкупно 1 732 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 43,30 %, а 56,70% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 59,21%, кон Итната медицинска помош 31,14%, кон пожарникарите 7,89% а кон ЦУК 1,75% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК 1,75%, со другите 56,70%, што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 986 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…