Лидерот на СДСМ, Ковачевски во Рим на Изборниот конгрес на ПЕС

t

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Димитар Ковачевски е во работна посета на Рим, каде на покана од претседателот на ПЕС, Стефен Ловен, ќе присуствува и ќе се обрати на Изборниот конгрес на ПЕС 2024, заедно со останатите лидери присутни на конгресот, соопштија денеска од СДСМ.

Годинашниот изборен конгрес на ПЕС се одржува под мотото „Европа што ја сакаме: социјална, демократска, одржлива“, а претседателот Ковачевски, како што е најавено, ќе се обрати на сесијата „Решенија за подобар квалитет на живот“.

Во рамки на посетата, планирано е претседателот Ковачевски да оствари и повеќе средби, меѓу кои и со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, шпанскиот премиер, Педро Санчез како и германскиот канцелар, Олаф Шолц.

При посетата на Рим, соопштија од партијата, претседателот Ковачевски ќе се сретне и со претставници од македонската дијаспора во Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…