Продолжува судењето на семејството Кецмановиќ: денеска сослушување на мајката на момчето-убиец од „Рибникар“
Во Палатата на правдата во Белград продолжува судењето на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родители на 14-годишниот Коста, кој го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај минатата година. На денешното рочиште ќе биде сослушана мајката на момчето убиец.
Станува збор за кривична постапка што ја води Вишото јавно обвинителство во Белград против семејството Кецмановиќ, а родителите се товарат за несовесно поседување оружје и за запуштање на детето.
На вчерашното рочиште беше сослушан таткото на момчето-убиец кој ги негираше делата за кои се товари.
Мајката на момчето-убиец дојде на судењето во Палатата на правдата и се очекува нејзиното сослушување.
Пристигнати се и родителите на убиените деца кои подготвија прашања за родителите на Коста кој го изврши масакрот.
На 3 мај минатата година во училиштето „Владислав Рибникар“, Коста во Врачар уби 10 лица, односно девет ученици и чуварот на училиштето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…