Град Скопје го одбележа 1 март – Денот на нулта дискриминација

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип Броз Тито“ ја отвори панел дискусијата, организирана по повод одбележување на глобалниот Ден на нулта дискриминација.
Со денешниот настан се одбележува Денот на нулта дискриминација, кој има за цел да промовира различност, толеранција и инклузија.

Градот Скопје со скопските средни училишта континуирано работи на подигнување на свеста за негативните ефекти од дискриминацијата, како и за реализација на мерки и активности за инклузивност во училиштата. Од суштинско значење се заедничките напори за спротивставување на дискриминацијата меѓу младите во сите нејзини форми, да се препознае вредноста на различноста и да се промовира инклузија и толеранција градејќи праведно и рамноправно општество.

На денешната панел дискусија учествуваа скопските средношколци, стручни лица, експерти, училишните психолози и педагози, директорите на училиштата кои дискутираа за организацијата на средните училишта во насока на превенција од дискриминација. На настанот се разговараше и за видовите на дискриминација со кои се среќаваат учениците, како и за последиците односно за чувствата на учениците кои се изложени на дискриминација. Заклучоците од панел дискусијата беа во форма на мерки за заштита од дискримнација, со акцент на правните механизми за заштита, а се одржа и отворена дискусија со учениците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…