Објавено на:

Само три отсто од германските компании користат вештачка интелигенција

t

Само три отсто од германските компании користат вештачка интелигенција (AI) како главна алатка за нивната секојдневна работа.

Ова го наведува дигиталното здружение Битком, повикувајќи се на своето истражување, пренесува dpa.

Уште шест отсто од анкетираните компании планираат да почнат да користат апликации како ChatGPT оваа година.

„Секоја компанија треба да размисли за употребата на вештачка интелигенција и да ги искористи можностите – од поголема ефикасност до нови производи или услуги“, рече во средата претседателот на Битком, Ралф Винтергерст.

Во следните пет години, 13 проценти од компаниите имаат намера да воведат основни модели на вештачка интелигенција како главно средство за работа. Уште 19 проценти планираат да се посветат на новата технологија уште подоцна.

Повеќе од половина од германските компании, 54 отсто, не мислат дека воопшто користат вештачка интелигенција.

„Чекањето без работа е погрешна стратегија за вештачката интелигенција“, рече Винтергерст. „Во текот на изминатите неколку месеци, видовме брз напредок во основните модели со вештачка интелигенција.

Во истражувањето од крајот на ноември до крајот на јануари учествувале 606 компании со најмалку 20 вработени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на завршниот митинг во Брвеница: Филипче…

Изборите во Брвеница се и порака за…

Северна Кореја тестираше нов торпедо опремен со…

Северна Кореја успешно тестираше подводен систем со…

(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…

Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Еротеј

Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува…