Објавено на:

Бресквица растури на српскиот избор за песна на Евровизија, арно ама… коментарите се обидоа и неа да ја растурат: Геноцидна песна, Хитлеров летниковец и сатанизам!

t

Анѓела Игњатовиќ попозната како Бресквица настапи на првата полуфинална вечер со песната „Гнезо орлово“ која рабуди и разбранува многу духови, како во Србија така и во соседството, односно регионот. Имаше различни обвинувања кои само ја зголемија популарноста на песната, а како што вели старата поговорка – „Не постои лоша реклама“, така што Бресквица доби дополнителен маркетинг поради целото медиумско лудило.

Така на пример, хрватски „Јутрањи лист“ имаше краток осврт на нејзиниот настап:

„Ја обвинија дека е обожавателка на ѓаволот, дека има геноцидна песна и пее за викендицата на Хитлер: Погледнете како се појави“, е насловот на споменатиот напис во кој наведуваат дека е фаворит на натпреварот. но која беше обвинета од дежурните демонолозите пред натпреварот дека е следбеничка на ѓаволот бидејќи под папокот (така велат) ги истетовирала роговите на ѓаволот. Таа на сцената на РТС се појави во бел фустан со етнички мотиви, со ангелски крилја на рамениците и ореол.

„Да, јас сум бел ангел“ – вели Бресквица, која води на обложувалниците за српскиот избор за Евровизија и покрај оние кои ја обвинуваат дека пее „геноцидна“ песна со која се легитимира масакрот и етничкото чистење на Албанците на Косово. Ги има и оние на кои не им се допаѓа насловот на песната „Орлово гнездо“. Тие ја обвинуваат пејачката дека наводно ја опеала викендицата на Хитлер“, пишува Јутарњи.

Но, ако се ​​вратиме на онаа стара изрека од почетокот на текстот“ – „не постои лош маркетинг“, а Јутјуб не бележи прегледи на омраза, туку само брои прегледи…!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

12-годишен Македонец кој ги освојува светските сцени:…

Во време кога вниманието на јавноста често…

BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…

Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…

Нетанјаху: Уапсен е пилотот кој извршил напад…

Пилотот осомничен дека извршил напад со нож…

Утре ќе нема струја до 14:30 часот…

Од Електродистрибуција информираат дека утре, четврток (1…

Хаг го продолжи рокот за жалби на…

Апелацискиот совет на Специјализираните совети во Хаг…