Објавено на:

Реформа во Грција ги намали цените на 3.000 производи во големите маркети

t

Потрошувачите во Грција ќе забележат намалувања на цените до 18,1 отсто кај повеќе од 3.000 производи во супермаркетите од петокот, од кога започнуваат владините мерки насочени кон справување со инфлацијата и поттикнување на конкурентност во синџирот на снабдување, јавува АНА.

Според Министерството за развој. проценетите намалувања на цените ќе произлезат од реформата која ги обврзува добавувачите да ги намалат своите понуди до трговците на мало за 30 отсто, со обврска да ги намалат нивните цени за иста сума. Ова доведе до намалување на повеќе од 3.000 производи. 

 Засегнатите категории вклучуваат општи производи за чистење на домот (детергенти за перење алишта, детергенти за миење садови, средства за чистење на површини за сите намени, белило) и производи за лична хигиена (шампони и балсами, сапуни, пасти за заби, бебешки и детски пелени). Реформата донесе значително намалување на просечната цена во седум категории на производи. Поточно, за млекото за бебиња, намалувањата се околу 15 проценти; за бебешки и детски пелени, просечното намалување на цената е 18,1 отсто; за шампони, гелови и регенератори, тоа е 17 проценти; за паста за заби е 15,1%; за детергенти за перење е 15,6%, итн.

Министерот за развој Костас Скрекас во саботата вети дека владата ќе преземе повеќе мерки за справување со високите потрошувачки цени на мало.

„Очигледно, главен проблем за домаќинствата се високите цени на супермаркетите и затоа владата и Министерството за развој нема да запрат додека не видиме пониска инфлација и намалени цени“, изјави тој за ТВ Скаи.

„Преземавме низа мерки, кои почнаа да се применуваат од 1 март. Низа производи, речиси 4.000 од нив, во супермаркетите почнаа да се намалуваат, по нашата драстична мерка. Колку ќе биде намалувањето ќе видиме во наредните денови. Од првиот ден вршевме контроли и видовме деескалација на цените. Намалувањата на цените би можеле да достигнат до 15 отсто, па дури и до 20 отсто“, додаде министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се намалува кредитирањето во долари во светот,…

Статистичкиот извештај на Банката за меѓународни порамнувања…

Сообраќајни прописи во Грција на кои македонските…

Многумина летово ќе заминат на одмор во…

(Видео) Атанасовски:  Ако добиеме ново вето од…

- Најстрашно за нас е ново вето,…

Колумна на Коѕијас: Зошто е важен Договорот…

Договорот од Преспа храбро го отплетка она…

Потпретседателот на ЕК со поддршка за Грција:…

Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас за…