Зеленски: Во Москва не признаваат ништо освен сила
„Светот знае дека може да се спротивстави на теророт. Светот има доволно системи за противвоздушна одбрана, системи за заштита од „шехид“ проектили. На таквите загуби, на тоа што на списокот постојано се зголемува бројот на деца чии животи ги одзема Русија“, рече Зеленски во ноќешното видео обраќање до нацијата, пренесува Укринформ.
Тој рече дека Украина не бара ништо повеќе од потребно за заштита на животи, додека нејзините партнери имаат внатрешно-политички игри или спорови кои, како што рече, ја ограничуваат одбраната на Украина.
„Рускиот терор мора да загуби. Ова е фундаментално. Во Москва не признаваат ништо освен сила“, посочи Зеленски.
Тој додаде дека во текот на целиот ден продолжила спасувачката акција во станбената зграда во Одеса, која синоќа беше погодена од руските сили со беспилотни летала „Шахед“, при што загинаа седум лица, меѓу кои две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидерите на ЕУ го завршија самитот во…
Лидерите на ЕУ го завршија денешниот самит…
Пентагон наводно го крие извештајот за убиството…
Американскиот Пентагон се соочува со сериозни обвинувања…
Дизелот под силен ценовен притисок: Намалените резерви…
Високите цени на дизелот предупредуваат на проблем…
Црното море станува се поопасно за трговските…
Нападите со дронови врз трговски бродови во…
Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД…
Во канадската провинција Алберта е распишан референдум…