Објавено на:

Руското МНР го повика германскиот амбасадор во Москва на разговор

t

Германскиот амбасадор во Москва повикан на разговор по протекувањето на аудио-снимката на германските воени офицери за потенцијалните напади на кримскиот мост и испораки на ракети „Таурус“. Амбасадорт Ламбсдорф, не сакаше да ја коментира поканата.

„Добивме покана. Ве молам, немам коментар“, изјави Александар Ламбсдорф, германски амбасадор во Русија.

Кремљ обвинува дека снимката сугерира за директно вклучување на земјите од колективниот запад во конфликтот околу Украина. Прашаа дали канцеларот Шолц ги држи работите под контрола.

„Плановите за напади врз Русија суштински и конкретно се дискутираат во рамките на Бундесверот. Сè е очигледно. Шолц рече дека ќе биде спроведена брза и детална истрага. Допрва треба да дознаеме дали Бундесверот го прави тоа самоиницијативно, и колку господинот Шолц го контролира сето ова или е дел од државната политика на Германија“, Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Германскиот министер за одбрана, пак, го обвини рускиот претседател Путин за информативна војна и обид за дестабилизирање на Германија.

„Тоа е дел од информативната војна што Путин ја води. Во тоа нема апсолутно никакво сомневање. Тоа е хибриден напад насочен кон дезинформации. Станува збор за поделба. Треба да реагираме на особено рамнодушен начин. Очигледно станува збор за поткопување на нашето единство. Се работи за распаѓање на нашата внатрешна политика. Се надевам дека Путин нема да успее и ќе останеме обединети“, изјави Борис Писториус, министер за одбрана на Германија.

Минатата недела руските медиуми објавија 38-минутна снимка со наводно доверливи воени разговори на германски офицери за војната во Украина. Германскиот канцелар Шолц вети целосна истрага. Германија е една од земјите членки на НАТО која ја снабдува Украина со оружје, вклучително и тенкови. Москва го обвинува колективниот запад дека изминатата деценија ја користи Украина за прокси војна против Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…