Објавено на:

ФК Вардар: Во Тетово го немаше македонското знаме, бевме сведоци на срамни националистички испади!

t

Скопските „црвено-црни“ излегоа со соопштение за јавноста во кое вели дека на натпреварот во Тетово имаше повторно срамни националистички испади, дека се употребиле тврди предмети кон фудбалерите на Вардар, но најмногу ги изреволтира што на стадионот отсуствуваше македонското знаме.

Во продолжение целото соопштение на ФК Вардар:

– На натпреварот во Тетово, повторно бевме сведоци на срамни националистички испади, како и на употребата на тврди предмети упатени кон фудбалерите на Вардар.

Сепак, тоа што најмногу не револтираше, беше отсуството на македонското знаме, кое според пропозициите на ФФМ е задолжителен декор кој мора да ги краси сите стадиони.

Би сакале да посочиме дека за разлика од крајно нецивилизираното однесување на навивачите на Шкендија, сепак управата на тетовскиот клуб се потруди пред се околу приемот на нашата екипа, а потоа и во однос на смирувањето на страстите на трибините, но за жал не успеа.

Како клуб реагиравме за неодамнешните идентични испади на стадионот во Чаир, сега реагираме за испадите во Тетово. Се прашуваме до кога?! Се прашуваме и ги прашуваме пред се надлежните институции, а потоа и сите останати чинители кои денес го претставуваат македонскиот фудбал.

Затоа што немањето реакција, не е само одлика на непрофесионализам, туку и на согласност. Затоа да реагираме и да го вратиме мак-фудбалот на нормалните патеки!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…