ВНИМАВАЈТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ УТРОВО! Снег паѓа на планинските превои, коловозите се влажни
Забраната за тешки товарни возила на превојот Пресека што беше воведена во текот на ноќта поради обилни снежни врнежи, од утрово во 06.30 часот е укината, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Буково, Ѓавато, Пресека и Крушево, послаби врнежи на Попова Шапка, Дебар и Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потсетува на законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиство во Богданци? Пронајдени две безживотни тела!
На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од…
Туск подготвен за средба со полскиот претседател…
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека е…
Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови…
Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата…
Од утре исплата на средства за клиентите…
Од утре, 5 ноември, граѓаните што имаат…
Уапсен е прилепчанец, полицијата дома му најде…
Полицијата вчера уапсила млад прилепчанец откако при…